МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Путин ги потпиша уставните измени и си го отвори патот за уште два претседателски мандата

SAINT PETERSBURG, RUSSIA - MARCH 16: (RUSSIA OUT) Russian President Vladimir Putin gestures during his meeting with health workers at the Almazov Medical National Research Centre on March 16, 2018 in Saint Petersburg, Russia. The 2018 Russian Presidential Elections will take place on March 18. (Photo by Mikhail Svetlov/Getty Images)

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот за уставни измени, по што овој документ ќе биде доставен до Уставниот суд.

Како што е наведено од Кремљ, Уставниот суд ќе има седум дена да потврди дали законот е во согласност со рускиот устав, по што ќе се распише универзално гласање.

Гласањето е предвидено да се одржи на 22 април , каде сите граѓани на Руската Федерација над 18 години можат да гласаат.

Доколку половина од оние кои гласаат, бидат   „за уставните измени“, тие ќе стапат во сила.

Претходно, сите уставни амандмани беа одобрени од Руската државна дума (Долниот дом на рускиот парламент), а потоа и од Советот на федерацијата (Горниот дом).

Измените во уставот вклучуваат, меѓу другото, нови социјални гаранции, како и гаранции за зачувување на територијалниот интегритет и рускиот јазик, како и многу измени во државниот систем кога станува збор за Владата, државните службеници и претседателот.

Меѓу другото, уставните измени ќе му овозможат на актуелниот претседател Владимир Путин да се кандидира на претседателските избори во 2024 година.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial