МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Путин во самоизолација откако со коронавирус заболеа негови соработници

Рускиот претседател Владимир Путин се самоизолираше откако неколку од неговите најблиски соработници биле позитивни на тестот на коронавирус.
Кремљ соопшти дека Путин бил целосно вакциниран со руската вакцина против коронавирус Спутник Ве.

„Владимир Путин соопшти дека поради идентификуваните случаи на коронавирус во неговото опкружување, тој мора да го почитува режимот на самоизолација одреден период“, се наведува во соопштението, но не беше соопштено колку ќе трае самоизолацијата.

Не е познато кои од блиските контакти на Путин се позитивни на ковид-19, но портпаролот на Кремљ Дмитри Песков изјави дека претседателот е „апсолутно здрав“ и дека „се разбира“ дека се тестирал и е негативен на болеста.

Путин вчера присуствуваше на неколку јавни настани, вклучително и средбата со сирискиот претседател Башар ал-Асад во Москва, како и со рускиот параолимписки тим. Тој исто така присуствуваше на воени вежби кои се спроведуваат заеднички со Белорусија.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial