МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Путин: Во Европа има опасни обиди за прекројување на фактите за Втората светска војна

SAINT PETERSBURG, RUSSIA - MARCH 16: (RUSSIA OUT) Russian President Vladimir Putin gestures during his meeting with health workers at the Almazov Medical National Research Centre on March 16, 2018 in Saint Petersburg, Russia. The 2018 Russian Presidential Elections will take place on March 18. (Photo by Mikhail Svetlov/Getty Images)

Сведоци сме на опасни обиди да се прекројат фактите за Втората светска војна и нејзиниот исход и „денес европски политичари, особено полскиот врв, сакаат да го скријат под тепих Минхенското предавство“, оцени во освртот за американскиот весник Нејшн рускиот претседател Владимир Путин.

А капитулацијата на западните европски лидери пред барањата на нацистичка Германија во Минхен 1938 година „на Советскиот Сојуз му покажа дека западните земји сакаат договор за безбедност без уважување на советските интереси“, смета Путин.

Во авторскиот текст „Вистинските поуки од 75-годишнината од Втората светска војна“, рускиот претседател изрази големо задоволство што лидерите на Кина, САД, Франција и Британија, нуклеарни сили и постојани членки на Советот за безбедност на ОН, го прифатиле предлогот на Москва да размислат и најдат решенија за светските проблеми, од стратегиското вооружување, па до заедничкото извлекување на светот од длабоката економска криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Претседателот на Русија, како што пишува американскиот весник, „дава целосна оценка на оставнината од Втората светска војна“ и подвлекува дека прекројувањето на историјата и текот и исходот на војната е „опасно бидејќи злонамерно го изопачува разбирањето на принципот на мирољубив развој, поставен на конференциите на Јалта и во Сан Франциско во 1945 година“.

„Најголемото историско достигнување на Јалта и другите одлуки во тоа време е договорот за создавање механизам кој на водечките сили ќе им овозможи со дипломатија да ги решаваат несогласувањата“, истакна Путин.

Рускиот претседател укажа дека лидерите на победничките сили СССР, САД и Британија тогаш успеале „вистинските интереси да ги стават пред различните идеологии, државните стремежи, интереси, култури“ и склучиле договор од кој целото човештво имало корист.

Конференциите на победничките сили во Техеран, на Јалта, во Сан Франциско и Потсдам, додава Путин, „го поставија темелот на светот кој во изминатите 75 години не доживеа глобална војна, и покрај најострите спротивности“.

Рускиот претседател истакнува и дека за тоа е заслужен и тогаш поставениот систем на Обединетите нации и истакнува дека е битно да се зачува правото на вето на членките на Советот за безбедност бидејќи „тоа е единствената алтернатива на директен судир на најголемите земји“.

Путин предупредува дека „денес светот минува низ бурни времиња, сѐ се менува, од светската рамнотежа на силите и влијанието до социјалните, економски и технолошки темели на општествата, нациите па и континентите“.

Тој напоменува дека промени од такви размери во минатото речиси никогаш не можеле да се случуваат без поголеми воени судири.

Но смета дека „далековидата оставнина на сојузничките сили победнички во Втората светска војна овозможило да се создаде систем што ги сопира екстремните видови на објективното соочување, историски блиски на развојот на светот“.

Рускиот претседател даде до знаење дека е од значење тоа што Кина, САД, Франција и Британија ја поддржале иницијативата на Москва да се одржи самит на петте светски нуклеарни сили и постојани членки на Советот за безбедност на ОН „со цел да се разгледаат чекорите за утврдување на заеднички принципи во светските прашања“.

„И отворено да разговараат за зачувување на мирот, јакнењето на светската и регионалната безбедност, контролата на стратегиското вооружување, како и сузбивањето на тероризмот, екстремизмот и сите крупни предизвици и закани“ порача Путин.

Посебна тема би морала да биде состојбата во светската економија и надминувањето на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, заклучи претседателот на Русија и истакна дека сите како вистински партнери пресудно можат да влијаат на тоа целиот свет да ја надмине кризата.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial