МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Бајден во Варшава во мисија за зацврстување на источното крило на НАТО, Путин во Москва во обид да ја убеди нацијата дека Русија не е виновна за војната во Украина.

Во дво часовниот говор во рускиот парламент, исполнет со закани и патриотски пораки, Путин ги обвини западните земји дека се креатори на конфликтот, а Украина заложник на западните партнери. Порача дека Москва привремено се повлекува од Договорот за контрола на нуклеарното вооружување Нов СТАРТ потпишан со Вашингтон и предупреди дека ќе ги рестартира нуклераните тестирања доколку и САД го сторат тоа.

-Стрпливо преговаравме за мирно решавање на овој тежок конфликт, но зад наш грб се подготвуваше потполно поинакво сценарио. Објаснувањата на западните лидери беа лажни, тие купуваа време и ги затвораа очите пред политичките убиства и репресијата на режимот во Киев. , изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

Во дво часовниот говор доби 53 аплаузи, од кои четири стоечки со овации. Медиумите пресметаат: зборот „запад“ го изговорил 24 пати, Украина 19, Америка 11 пати. Оцени дека западните санкции влијаеле, но дека ни одблиску не ги постигнале посакуваните ефекти и очекувања руската економија да падне за 25 проценти.

-Иницијаторите на санкциите всушност се казнуваат себе си. Предизвика во својата земја пораст на цените, губење работни места и енергетска криза. На своите граѓани има велат – виновни за тоа се Русите. Антируските санкции се само средство, но целта, како што самите западни земји декларираат, е да ги натераат нашите граѓани да страдаат. , изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

Вашингтон и Нато пораките на Путин за оправдувањето на инвазијата ги нарекоа апсурдни.

-Фактите се јасни за сите. Никој не ја нападна Русија. Русија е агресор, а Украина е жртва на агресија. , изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.

По вчерашната ненајавена посета на Киев, американскиот претседател Бајден денеска е во Варшава, каде на средби со полскиот претседател Дуда и со лидерите од источниот блок на НАТО, според најавите, уште еднаш ќе ја реафирмира поддршка за Украина.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial