МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Пукање во Висконсин: Најмалку 6 ранети во трговски центар…

Повеќе лица се повредени во пукањето во трговскиот центар „Мејфер“ во градот Вауватоса во американската сојузна држава Висконсин.

Како што изјави градоначалникот Денис Мекбрајд, никој од повредените не е во животна опасност. Нападот се случил нешто после 3 часот попладне додека трговскиот центар бил полн со луѓе.

„Извинете што шепотам, се надевам дека ме слушате, скриени сме зад вратата за вработените, слушнавме пукање и вресоци. Настана паника, но најголемиот дел од луѓето се скриени во продавниците“, се вклучи во живо во програмата на “ABC” вработена во трговскиот центар.

Веднаш пред трговскиот центар пристигнале голем број на полицајци, во акцијата се вклучиле и хеликоптери и припадници на ФБИ.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial