МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Протест на роднините на осудените во „Монструм“: Полицијата блокира кај Мавровка

Протестот што го организираат роднините на осудените во случајот „Монструм“ кој започна денес по 13 часот во Чаир, се префрли кај крстосницата пред Кривичниот суд во Скопје, до деловниот центар Мавровка, каде што силни полициски сили го попречија натамоното движење на учесниците во протестот.
Атмосферата е тензична откако група протестанти се обиде насилно да го пробие кордонот полицајци удирајќи ги со нозе по штитовите.

На моменти се чинеше дека ќе излезе од контрола, но интервенираа луѓе задолжени за обезбедување на протестот.

Сепак, неизвесно е дали ќе можат да ја имаат контрола.  Присстигна и воззило на Брза помош.

Во текот на протестот, на моменти атмосферата беше тензична, но луѓето кои очигледно се задолжени за обезбедување од страна на организаторите на прават напори таа да не ескалира.

Имаше и неколку провокации – па така на штитовите на полицијата од првите редови во кордонот, демонстраните залепија плакати си ликовите на обвинителите Фатиме  Фетаи, Вилма Русковска и Јовевски, како и на осудените во процесот.

Беа прочитани и неколку говори во кои што беа искажани барањата за ослободување на осудените.

Протестот започна од паркот во Чаир, а според најавите требаше да прдолжи до Основниот кривичен суд, од каде што демонстрантите планираа да се упатат кон Собранието и да завршат пред Владата.

Од МВР најавија дека од 13 часот за сообраќај ќе бидат затворени повеќе улици во ССкопје  „Христијан Тодоровски-Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, „Крсте Мисирков“, „Гоце Делчев“, „11 Октомври“, „Васил Главинов“, ВМРО, „Илинденска“, како и околните сообраќајници. Јавното сообраќајно претпријатие ги пренасочи автобуските линии кои минуваат низ овие сообраќајници.

Пред три дена судот изрече три доживотни казни затвор, две затворски казни од 9 и 15 години и една ослободителна пресуда за случајот со петкратното убиство кај Смилковско Езеро. Со првостепената пресуда Основниот кривичен суд во Скопје во вторникот  на доживотен затвор за тероризам ги осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири на 9, а Фејзи Азири на 15 години за помагање. Сами Љута доби ослободителна пресуда поради немање докази. 

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial