ПРОГРАМЕРИ ПИЛОТИ ФАРМАЦЕВТИ: НА ТРОНОТ НАЈЛПАТЕНИ ПРОФЕСИИ
Веќе подолго време на пиадесталот најплатени професии се вработените во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – нивната просечна плата во септември била 67.216 денари или 1.092 евра. Веднаш по нив се вработените во воздухопловниот транспорт, кои во септември просечно земале 48.349 денари, а во однос на претходниот месец има раст од дури 14,5 проценти, а на трето место се вработените во дејноста производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, каде просечната плата е 45.799 денари, или помала за 0,7 проценти во однос на претходниот месец.
Банкарите кои во минатото беа меѓу најплатените, сега се на четвртот место со просечна плата од 43.113 денари.