Нова страница за информации

ПРИНЦИПОТ НА САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ ЗА ЕТНИЧКАТА ПРИПАДНОСТ, ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ НЕ МОЖЕ ДА СЕ УТВРДИ СО ДОГОВОРИ И ТРАКТАТИ, КАЖА ВИЦЕПРЕМИЕРОТ АРТАН ГРУБИ

Вицепремиерот Артан Груби кажа дека принципот на самоопределување за етничката припадност, јазик и идентитет не може да се утврди со договори и трактати, на одбележувањето на 22 Ноември – Денот на албанската азбука.

Во говорот, Груби рече и дека судбините на нашите народи во нашата земја се меѓусебно поврзани, а заедничко ни е патешествието кон слободата, правдата, еднаквоста, но и интеграција.

„Принципот на самоопределување за етничката припадност, јазик и идентитет не може да се утврди со договори и трактати, туку само врз принципите на божествениот закон“, кажа Груби, додавајќи дека методите и вредностите на 19. век не можат да се вратат во 21. век.

На крајот говорот, Груби во име на Владата на Република Северна Македонија, им го честиташе на сите Албанци 22 ноември, денот на Конгресот во Битола и азбуката на албанскиот јазик.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial