МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Приведени 9 лица во акцијата на „Табановце“, меѓу нив и командир и заменик командир

Командир, заменик командир, раководител на смена и шестмина полициски службеници се уапсени на граничниот премин Табановце.

Тие се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување како и за примање поткуп.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешниот брифинг со новинарите изјави дека биле извршени претреси на работните места, но и во нивните домови за да се најдат предмети кои потекнуваат од кривичните дела.

Акцијата синоќа на граничниот премин „Табановце“ создаде поголема колона на возила кои чекаа и до 3 часа.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial