ПРЕСУДА ЗА „ТИТАНИК“: ЗА ЈАНАКИЕСКИ И ЈАНКУЛОВСКА ЗАТВОРСКИ КАЗНИ, ПРОТУЃЕР ДОБИ УСЛОВНА КАЗНА
Четири казни затвор и четири условни казни за осумината обвинети кои признаа вина во случајот „Титаник“ пресуди денеска Основниот кривичен суд во Скопје.
Поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска добија 4,5 односно 2,5 години затвор. На казна затвор се осудени и Мунир Пепиќ и Коста Митровски. Иако осудени на две години сепак поранешниот генерален секретар на Владата Мартин Протуѓер и екс заменичката за правда Билјана Бришковска Бошкоски куртулија од затвор, но само доколку во следните пет години не сторат друго кривично дело.
Во затвор нема да одат ниту неправосилно осудените Катерина Веловска и Киро Тодоровски. Во образложението на одлуката судечкиот судија Осман Шабани, меѓу другото рече дека, мозокот на целата операција за злоупотреба на изборите во 2011 и 2013 година а корист на ВМРО-ДПМНЕ бил поранешниот премиер, Никола Груевски.
Освен наголемата казна затвор Јанакиески повторно оди во куќен притвор откако обвинителката Лиле Стефанова го побара а судот и’ го одбори нејзиното барање.
И покрај денешната пресуда на Јанакиески и на Протуѓер ќе продолжи да им се суди затоа што тие не признаа дека се виновни за злоупотреба на партиски пари за подмитување на гласачите. Во случајот „Титаник“ има 21 обвинет. Сите се товарат за кривични дела против изборите. Од овој случај произлегоа уште и „Титаник 1“ и „Титаник 2“.