Нова страница за информации

Пред повеќе основни училишта во Кисела Вода се поставуваат платоа за успорување на сообраќајот

Јавното претпријатие „Улици и патишта“ во соработка со Општина Кисела Вода на главните сообраќајници, пред општинските основни училишта „Св. Климент Охридски“, „Кузман Јосифовски-Питу“ и пред градинката „Сончоглед“ постави платоа за успорување на сообраќајот.

Поставените платоа пред главните влезови на училиштата имаат за цел да ја зголемат безбедноста на учениците кои секојдневно ги преминуваат прометните улици.

Во перидот што следува активностите за поставување платоа ќе продолжат.

Општина Кисела Вода во соработка со Градот Скопје ќе продолжи да работи во насока за подигнување на безбедноста на улиците, како за учениците така и за сите учесници во сообраќајот.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial