МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Предлог-составот на владата и нејзината програма во вторник во Собрание

Во вторник предлог-составот на идната влада и нејзината програма за работа ќе бидат доставени до Собранието. Мандатарот Христијан Мицкоски денеска потврди дека финишираат внатрепартиските и меѓукоалициските преговори за кадровските решенија.

В недела, пред Централниот и Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе се најде списокот на идни министри кои се предложени од „Твоја Македонија“, победничката коалиција на мајските парламентарни избори.

Официјалниот спсиок на идната влада заедно со програмата на 18 јуни ќе бидат доставени до Собранието.
Мицкоски, мандатар
„Очекувам Извршниот и Централниот комитет да се произнесат и ако тоа биде успешно да бидат составени на јавноста. Официјалниот спсиок на идната влада заедно со програмата на 18 јуни ќе бидат доставени до Собранието.“, изјави Христијан Мицкоски, мандатар за состав на новата влада.

Поддршката од дел од пратениците на коалицијата предводена од ДУИ за измените на законот за организација и работа на органите на државната управа, со кој се зголеми бројот на министертва од 16 на 20, според мандатарот не значи дека партијата на Ахмети си „купила“ место во владејаќкото мнозинство составено од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“ и Знам.

„Во парламентот во опозиција ќе биде коалиција на ДУИ, коалиција предводена од СДСМ и Левица. Со тоа ќе биде и второто ветување кое го дадовме – првото беше реорганизација на владата, второто беше ДУИ во опозиција, третото беше 400 до 450 милиони евра инвестиција во производство на електрична енергија што ќе биде обелоденето на 25 јуни, ќе има секоја недела изненадувања во првите 100 дена.“, изјави Христијан Мицкоски, мандатар за состав на новата влада.

Мицкоски не отстапува од позицијата дека неговата партија, а со тоа и идната влада, ќе прифати деблокада на евроинтеграциите преку, како што го нарече, нечиј диктат, мислејќи на условот за вметнување на Бугарите во уставот. А што со пораките од стратешките партнери на земјава – САД и ЕУ за потребата од целосно почитување на Преспанскиот договор?

„Меѓународните договори треба да се почитуваат и тука немаме никаква дилема, но тоа е двонасочна улица. Договорот е договор меѓу најмалку две страни и треба и двете страни да го почитуваат. Ако мислите на Преспанскиот договор – и ние како идна влада го почитуваме во детали, се што е дел од нашето законодавство се почитува во детали и тука не треба никој да има никкава дилема зашто не можете да очекувате од граѓаните да ги почитувате Уставот и законите, а вие да ги прекршувате. Но, очекувам и вториот потписник, нашиот јужен сосед да ги имплементира. Креиравме документ за тоа колку сме имплементираме ние, а колку Грција и со тоа да ги запознаеме сите за сите да видат колку двете страни го почитуваат билатералниот договор. Сум бил сведок кога многу од нашите меѓународни партнери не убедувал дека останува уште само името, ама гледаме дека не било така…“, оцени Христијан Мицкоски, мандатар за состав на новата влада.

Засега предупредувањата од Атина дека неизговорањето на уставното име од страна на новата власт значи кршење на Преспанскиот договор, според шефот на дипломатијата во заминување, не се и во форма на официјални дипломатски ноти. Советот на Османи е – меѓународните договори да се исполнуваат во целост.

По однос на придавката, претседателката се именува како „македонска претседателка“. Според Преспанскиот,може да се користи само за етнички, а не во државен контекст.
Османи, министер за надворешни работи
„Нема простор за различни толкувања на Преспанскиот договр. По однос на придавката, претседателката се именува како „македонска претседателка“. Според Преспанскиот договор оваа придавка може да се користи само за етнички, а не во државен контекст. Оттука, мислам дека треба да се почитуваат тие одредби зашто отвораат други прашања. Исто е и за името на државата. Мислам дека најкоректниот однос е да се каже – имавме разлики, но сега ова е реалност. Ако имаат начин да ја сменат реалноста, нека повелат, но додека не ја сменат, таа реалност треба да се почитува.“, истакна Бујар Османи, министер за надворешни работи.

А таа реалност е дека уставното име на земјава под кое таа е примена во НАТО и под кое ги почна пристапните преговори е Република Северна Македонија.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial