МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Прв лет Скопје – Софија, како ќе функционира редовната линија?

Скопје и Софија повторно воздушно поврзани. Од март почнува да функционира редовната авионска линија меѓу двата главни града. Договорот падна денеска во Скопје меѓу министрите за транспорт и туроператорите од двете земји, откако изутрината слетаа од Софија со првиот лет по 15-годишна пауза.

Ова е првичен договор. Засега не се знае колку ќе чини билетот, дали летот на бугарската компанија Гуливер е субвенциониран и колку често ќе се лета на дестинацијата. Туроператорите во следниот период ќе бараат и можмости за останати дестинации меѓу двете земји.

Бугарскиот министер е убеден дека се создава модел кој е економски исплатлив и кој ќе ги заживее бизнис активностите.

Во 2021 година бројот на бугарски туристи во Македонија е двојно зголемен, информираше министерот за економија. Со повторната авиолинија, очекуваме овој број значително да расте, вели Бектеши.

Следен чекор во регионалното поврзување е отворањето на новиот граничен премин Клепало, за што бугарската страна ветува дека ќе го забрза пробивањето на 13 километри пат и железничката пруга кон Бугарија.

Инаку пред почетокот на пресот, во знак на револт поради нееднаквиот третман на медиумите од владата и од приватниот сектор при пречекот на делегациите од Софија, беа спуштени неколку камери. 

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial