МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Правата на Албанците не зависат од нивниот број со пописот, вели Заев

Законот за употреба на јазиците, правата на Албанците и на помалку бројните заедници апсолутно остануваат исти и тоа никако не се менува во зависност од севкупната бројка или процент на попишани, во зависност од резиденти или нерезиденти и тука сме на чисто, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во контекстот на уставниот статус, правичната етничка застапеност и користењето на јазиците.

Пописот нема да доведе до ретроградни процеси, треба да се биде спокоен, изјави Заев и рече дека Уставот и законите се јасни и дека продолжуваат да важат.

Премиерот рече дека основната работа со пописот е да се дознае колку вкупно  државјани има во земјава, колкав е бројот кои се во странство и дека врз основа на тие параметри ќе се димензионираат сите економски, социјални, културолошки и други ресурсни политики, како и политиките на развој и раст.

„Во делот на економските и социјалните политики, тоа што ќе се промени е во делот ако се испразнило некое село и не живеат повеќе луѓе во селото, тие пари ќе се пренасочат да можат да бидат за развој на друго село или на градот. Секако, се однесува на резидентните во делот на економските политики, но секојпат корективот што треба да го знаеме – нашата дијаспора може буквално утре да се врати дома, односно кога ќе посакаат тие граѓани. Тоа се наши граѓани, наши државјани, имаат наши македонски пасоши и лични карти и секако живеат една година или повеќе надвор од државата. Теоретски, можат и утре да се вратат“, изјави Заев.

Според него, дијаспората е променлива категорија, што се потврди и со првиот и втор бран од пандемијата, кога голем број на граѓани се вратија од странство во земјава и дел од нив останаа.

„Се надевам и дека ќе останат трајно“, рече Заев.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial