МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

ПО НЕКОЛКУ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ УБИЕН АЛБАНСКИОТ НАРКО БОС БЕХАР СОФИЈА: Никој не слушнал пукотници, застрелан е со пиштол со „придушувач“

Во центарот на Тирана утринава е застрелан 66-годишниот Бехар Софија, еден од најпознатите наркобосови во Албанија. Неговото телов во кое биле испукани два куршуми е пронајден оповреден покрај булеварот Бајрам Кури во Тирана. Тој бил итно пренесен во болница, но починал пред да биде примен во операционата сала.

Како што јавува репортерот на euronewes.al, полицијата го оградила местото на настанот и започнала истрага, додека минувачите велат дека не се слушнале никакакви пукотници од огнено оружје,па веќе се зборува, како што наведува медиумот, дека е застрелан со огнено оружје на кое имало „придушувач“.

Властите веќе ги заплениле безбедносните камери на станбената област во која тој живееше и јавните камери на крстосницата каде што е пронајден. Бехар Софија во 1998 година беше уапсен заедно со други лица од страна на турските власти, обвинети за меѓународна трговија со тешка дрога, главно хероин.

И во минатото имало обиди за негов атентат, но неуспешни, бидејќи имал и три идентитети Бехар Сефери, Бехар Софија и Фатмир Софија.

Новинарот на „Еуроњуз Албанија“, Мерин Мачи информира дека началникот на криминалистичката полиција, Тонин Вочај, пристигнал во Локалната дирекција во Тирана, заедно со директорот за тешки злосторства, Арбен Дашина во меѓувреме, полицијата на Тирана извршила неколку претреси и на распиит повикала роднините на жртвата.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial