Нова страница за информации

Почна судењето за Рашковски – Обвинува за холивудско сценарио, обвинителството негира

Поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски, обвинението за него го спореди со сценарио на холивудски филм. Вели, во недостиг на докази, обвинителката сама креирала пораки, па дури урнала и Гинисов рекорд во пишување.

„Не може да имате доказ во кој Обвинителството на својот компјутер седнало и направило текстуални пораки кои во една секунда, заборавило да го смени времето, па во една секунда имате 43 пораки. Значи не е тоа податок извлечен од телефон, туку е правен на компјутерот на обвинителката“, изјави Рашковски.

Од обвинителството велат имало многубројни материјални докази и сведоци, но не откриваат дали меѓу нив ќе бидат и колеги на Рашковски од владата. Обвинителката Трајчева негираше дека незаконски обезбедувала докази.

„Јас можам да кажам дека постапувањето во овој предмет, ништо не се разликува од постапувањето во други предмети, а за кои предмети има веќе правосилни судски одлуки, вклучувајќи коишто се веќе познати на јавноста како „Рекет“ и „27 април“, вели Ивана Трајчева, Јавен обвинител.

Според Рашковски, неговите сметки не ги полнел со пари од кривичните дела за кои е обвинет, туку со парите за службени патувања кои ги добивал од владата. Својот имот го префрлил на децата бидејќи таква била традицијата во државата, а нивните сметки се полнеле со пари од роденденски прослави.

„Ако го споредите мојот имотен лист од 2017 год. Кога сум влегол на функција, во 2021 кога сум излегол, ќе видите дека не постои разлика, освен кај подароците на моите две деца прибрани од родендени, крштевки, мекции. Друг податок за зголемување на имотот не постои“, вели Рашковски.

Споредбата на имотните листови покажува дека во времето додека бил генерален секретар на владата, имотот на Рашковски се зголемил за 50 илјади евра, а во истиот период тој успеал да врати и кредит од 20 илјади евра. Купил и автомобил вреден 11 илајди евра, а сметките на неговите деца се зголемиле за 4 илјади евра, па сега тие заедно поседуваат над 70 илјади евра.

Според обвинението, поранешниот генерален секретар на влдата, го оштетил државниот буџет за околу 300 илајди евра, а како што тврди обвинителството, 100 илјади завршиле на сметки на семејството Рашковски.

Тој со уште неколкумина обвинети денеска првпат седнаа во судница, но поради отсуство на една обвинета, старотот на судењето е предвиден за 24 февруари.

Please follow and like us:
fb-share-icon

About Post Author

Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial