МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Почна масовната вакцинација против Ковид-19 во Русија

Почна масовната вакцинација против Ковид 19 во Русија. Отворени се 70 пунктови низ Москва каде што жителите од денеска ќе може доброволно и бесплатно да се вакцинираат.  Вакцината е Спутник 5 која ја развија Русите.

Предност им се дава на луѓето со најголем ризик од инфекција, како што се лекарите, наставниците и социјалните работници. Министерот за здравство веќе објави дека се вакцинирани повеќе од 100.000 луѓе.

Креаторите тврдат дека вакцината е 95% ефикасна и не предизвикува несакани ефекти. На тестовите, само 1,5 од волонтерите се разболеле со КОВИД-19.  За две недели и Србија најави почеток на  масовно вакцинирање со руската вакцина Спутник . Први во редот за вакцинирање ке застанат лекарите, војската и полицијата. За граѓаните вакцината нема да биде задолжителна.

Од СЗО предупредија граѓаните и владите да не се опуштаат премногу. Вакцинацијата е позитивен чекор и се гледа светло на крајот од тунелот , но пандемијата ќе помине уште долг пат и не се знае кога ќе заврши.

Бајден планира поинаква инаугурација поради Ковид пандемијата. Како што најави новоизбвраниот американски претседател, неговото назначување на 20 јануари може да се одржи и виртуелно. Бајден истакнал дека сака луѓето безбедно да го слават неговото назначување за претседател, но дека деталите сè уште се разговараат.

Досега традиционално церемонијата на положување заклетва на новиот претседател и потпретседател на САД се организираше на „Капитол Хил“ во Вашингтон и огромен број на американци одблизу ја следеа свеченоста.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial