МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Потврдени се заклучоците за проширувањето со промените што ги бараше Софија

Формулацијата „погрешно толкување на историјата“ и целото уставно име станаа дел од заклучоците за проширувањето на Западен Балкан, кои попладнево беа потврдени од сите земји – членки во Брисел.. 

аклучоците за проширувањето со промените кои ги бараше официјална Софија денеска и официјално се потврдени во Брисел од комитетот на постојани претставници. Како што пренесува МИА, Прифатени се бугарските барања во однос на „погрешното толкување на историјата“ и употребата на долгото име на државава. Ова се смета за успех на германското претседателство кое ризикуваше да остане без никаков документ за проширувањето, но сепак, важно е да се напомене овој чекор не претставува откочување на преговарачката рамка за Македонија, и старт на преговори со Унијата.

-Советот потсетува на Преспанскиот договор помеѓу Македонија и Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Северна Македонија и Бугарија и ја нагласува важноста на нивната постојана имплементација. Овие два крупни чекора би требало да им стават ефективен крај на сите барања засновани на погрешното толкување на историјата, стои во преамбулата на усвоените заклучоци на ЕУ.

Историските спорови беа наведени како една од главните причини за бугарското вето, откако мешовитата комисија не успеа да направи исчекор. Вината за ова, Софија ја гледа во, според нив, инертноста на македонскито дел од комисијата.

,,Назадувањето почна да се забележува во февруари 2019 година, пролетта на 2019 година, кога беше исполнета од наша страна една важна обврска на тој договор. Бугарија кажа „да“ на членството на Македонија во НАТО, бугарскиот парламент прв го ратификуваше членството на Македонија во НАТО. / Значи ние даваме зелено светло и тие веќе не прават отстапки, така? / Да, дадовме зелено светло и некаде од април 2019 година почна да се менува климата и кај нас во комисијата и потоа процесите се променија.

Претседателот на македонската страна од комисијата Драги Ѓоргиев пак, во интервју за Дојче Веле, повторува дека покрај несогласувањата за одредени историски личности, камен на сопнување била употребата на придавката „македонски“ и селективната примена од бугарските членови на комисијата, на договорот од Преспа и Декларацијата со Бугарија од 1999 година.

,,За жал синтагмата „заедничка историја“, која не е дефинирана во самиот Договор, се претвори во една главните пречки во работата на Комисијата, пред сѐ, поради едностраното толкување, дека всушност таа означува историја на еден народ, односно на бугарскиот, започнувајќи од IX век па сѐ до 1944 година. Се разбира, таквото толкување е неодржливо и неприфатливо

Освен преговорите за членство на Македонија во Европската Унија, Бугарија го блокира и потпишувањето на договорот за Фронтекс. Единствената пречка според пораките од Брисел е референцата македонски јазик. Со Македонија договорот за Фронтекс е инициран во 2018 година, но останува непотпишан само поради Бугарија.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial