МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

ПОСВЕТЕНОСТ НА СКОПЈЕ ДО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ ЗА ДЕБЛОКАДА НА ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА

Треба да се почека да се смират емоциите и да се има трпеливост и здрав разум, вели бугарскиот претседател Румен Радев за бугарската БГНЕС кој уште еднаш ги повтори ставовите дека Северна Македонија треба да влезе во ЕУ, но без говор на омраза и признавање на историската вистина. Тој потсетува дека зборувал и за Договорот за добрососедство од 2017 и нагласил дека една година по потпишувањето барал да се потпише анекс, бидејќи немало напредок. Пред една година, пак, тој истакна дека свикал и состанок.  

„Пред една година, свикав итен состанок со владини претставници на кој инсистирав да има национална рамковна позиција која јасно ќе ги утврди нашите услови и црвени линии. Продолжувам да се залагам за тоа“. „Нашите браќа од Република Северна Македонија треба да станат членови на ЕУ, но тоа мора да биде со искоренување на антибугарската реторика, говорот на омраза и објективното признавање на историската вистина, што мора да стане неповратен процес и тука Бугарија треба категорично да ги брани своите права“ – рече Радев.

На иста линија со Радев е и европратеникот Андреј Ковачев. Тој смета дека македонската страна се обидува да најде разни изговори. 

Според него бугарските избори немаат никаква врска со нашата заедничка историја. Сите бугарски политички партии се согласуваат – не постои начин да се направи компромис со историјата и јасните историски факти. Ковачев потенцира дека Европската Унија постои да не се мразиме едни со други, туку да живееме заедно во целосна толеранција.   

„Потребна е поголема храброст од страна на премиерот Зоран Заев“, а договорот за добрососедство и пријателство мора да се спроведе. Ако во заедничката мултидисциплинарна експертска Комисија за историски и образовни прашања на Бугарија и Северна Македонија колегите од Скопје се плашат да ги прифатат фактите, тогаш ќе треба да се најдат други механизми за спроведување на договорот“ смета Ковачев.

Од друга страна пак ВМРО-БНД, партијата на Красимир Каракачанов, бугарски вицепремиер и министер за одбрана од советот за електронски медиуми на Бугарија бара бугарските медиуми да престанат да ги преведуваат изјавите на македонските политичари на бугарски јазик.

„Интервјуата на „луѓето од Северна Македонија“ не треба да се преведуваат на бугарски јазик“ се вели во писмото на ВМРО-БНД до Советот за електронски медиуми, пренесува 24 часа.

Во пресрет на утрешниот состанок на Советот за општи работи во Брисел на кој треба повторно да биде разгледана и да се одлучува за преговарачката рамка на ЕУ со  Македонија, земјава останува посветена на напорите за придвижување на процесот и покрај минималните шанси за повлекување на најавеното вето од Софија.

Македонската страна е децидна – не се разговара за идентитетот и јазикот, станува збор за документ, кој би бил меморандум или протокол за што дополнително би се утврдило, насочен кон имплементација на Договорот за добрососедство и соработка.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial