Нова страница за информации

Полицаец застрелан со 5 куршуми во дворот на црква во Велес – напаѓачот избегал

Полицаец од Велес е повреден откако во него биле искупани 5 куршуми. 4 од нив завршиле во неговиот стомак, е еден во коленото. Лицето кое пукало во полицаецот е во бегство. Полицаецот, М.Е. 46 години,  добил прва помош во велешката болница, не е во животна опасност, но заради сериозноста на повредите е пренесен на скопските клиники.  

Инцидентот се случил во дворот на црквата Свети Спас во близина на велешките гробишта. Граѓани привиле дека жители од ромската населба Рамина краделе чанти од верниците. Повредениот полицаец и негова колешка дошле на лице место по што настанала мешаница и едно од лицата осомничени за кражбите успеал да го одземе пиштолот на полицаецот и да пука во него.

По настанот, специјалците на МВР ги запираат и претресуваат сите коли кои влегуваат или излегуваат од градот во потрага по бегалецот.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial