Повторно се најавува модел за „ветинг
Министерот за правда Бојан Маричиќ по повод 100 дена влада, порача дека сите судии и обвинители кои постапувале незаконски или намерно ги одложувале судските рочишта, но и постапувале несовесно треба да бидат исфилтрирани од правосудниот систем. Долго најавуваниот модел за проветрување на судството, треба да биде готов и да се презентира во понеделник иако ветувањето на власата беше дека ќе биде конечно подготвен во првите 100 дена од формирањето на владата.
„Долги судски рочишта, безброј одложувања, неефикасни постапки. Токму затоа во првите 100 дена, со Судскиот совет и Советот на јавните обвинители интензивно работевме на подготовка на методологија по која в година ќе се филтрираат судството и Обвинителството. Ова, според нас, е најдобриот начин како фелата сама да си ги прочисти своите редови…“, рече министерот Маричиќ.