МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Пендаровски го прими претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп

ретседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп, кој престојува во посета на Република Северна Македонија.На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Турција, што се одвиваат во духот на силно традиционално пријателство и партнерство, преку соработка на сите нивоа.Претседателот Пендаровски изрази уверување дека со сојузништвото во НАТО двете држави даваат придонес за стабилноста и безбедноста во регионот. Двајцата соговорници изразија очекување за натамошно продлабочување на македонско-турските билатерални односи, во сите сфери од заемен интерес, вклучувајќи ја меѓупарламентарната соработка.На средбата беа разменети мислења и информации и за актуелните состојби во двете држави, вклучително и во контекст на пандемијата од Ковид-19, како и за целокупните состојби во регионот.Претседателот Пендаровски изрази благодарност за севкупната помош од Турција за справување со пандемијата од Ковид-19, истакнувајќи ја важноста на солидарноста, соработката и меѓусебната поддршка  на државите, како важен предуслов за успешно справување со последниците од глобалната пандемија.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial