МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Оставаме година на пандемија, 2021. година на очекување и опоравување Оставаме година на пандемија, 2021. година на очекување и опоравување

Испративме година на пандемија и сите погледи и очекувања се вперени кон годината што претстои 2021. Очекувањата на домашните надлежни институции е од година која ќе заврши со негативен раст, позитивни стапки да се остварат во 2021 година. Проекции за позитивни стaпки за 2021 година имаат и власта и Народната банка, како и меѓународните организации.
Позитивните очекувања во почетокот на 2020 година спласнаа со почетокот на пандемијата во март. Па очекувањата од позитивни стапки, се стопија во негативни во вториот, третиот и четвртиот квартал. Првиот квартал во кој почна пандемијата, но го зафати само третиот месец после 10 март, оствари стапка на раст на БДП од 0,9, покажаа податоците на Државниот завод за статистика. Вториот квартал има најголем пад, од минус 14,9 отсто. Квартал во кој и очекувањата беа дека пандемиијата ќе има најголемо влијание, квартал во кој поголем дел од фирмите во одредени сектори беа затворени. Третиот квартал, квартал на реотварање на економијата, во кој веќе почнаа да се укинуваат некои рестриктивни мерки и да се спроведуваат антикризните мерки, со поддршка од државата. Падот што го регистрираше Државниот завод за статистика во третиот квартал изнесуваше минус 3,3 отсто, во услови на забавено темпо на пад на активноста во индустрискиот и услужниот сектор, а раст во градежниот и земјоделскиот сектор. Падот на економската активност, како што потенцира министерот го амортизираа антикризните мерки -Доколку не се делуваше брзо преку јавната потрошувачка, економскиот пад за првите три квартала ќе беше за 1,2 процентни поени поголем, односно наместо 5,9 отсто за првите три квартала, ќе беше околу 7,1 отсто, смета министерот.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial