МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

ОСМАНИ – ВАРХЕЈИ: ОДРЖУВАЊЕ НА ПРВАТА МЕЃУВЛАДИНА КОНФЕРЕНЦИЈА ШТО Е МОЖНО ПОСКОРО

Европската Комисија работи напорно, преговорите на Македонија со ЕУ да започнат во декември, велат од кабинетот на еврокомесарот Вархеји за ТВ24. На средбата Вархеји – Османи во Брисел, од Европската Комисија велат дека дипломатите разговарале за тоа, како да се движи напред патот за отворање преговори на Македонија со ЕУ до крајот на годината. 

– Нашиот став останува непроменет. И двете земји (Северна Македонија и Албанија) ги исполнија условите и сега ЕУ мора да го исполни ветеното. По изборите во Бугарија и Северна Македонија, се надеваме дека ќе видиме брз напредок на теренот. Комисијата ќе остане во контакт со сите релевантни страни и ќе продолжи да работи со словенечкото претседателство со цел да ја постигнеме нашата заедничка цел да ја одржиме првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија уште оваа година. – велат од Европска Комсија.

Шефот на дипломатија Османи пак вели дека во Македонија е клучот за деблокирање на целиот регион и ги повика сите чинители во државата да работат заеднички за старт на преговорите. Османи смета дека изборните процеси во Македонија и Бугарија создадоа предуслови за надминување на разликите. 

– На првиот ден после тие изборни процеси доаѓам на дводневна работна посета во Брисел, за да се сретнам и со мојот колега од Бугарија, меѓутоа и со високи претставници на Европската Унија за да ги утврдиме наредните чекори во пресрет на декемврискиот Самит на Европската унија како една можност за започнување на преговорите. Се разбира дека нема да биде лесно, но оттука придонесот на секој воотворањето на ова ново поглавје на државата којшто ќе ја приближи на еден чекор до Европската унија, ќе биде од суштинско значење. – изјави Бујар Османи МНР.

Дводневната дипломатска офанзива Османи  денеска ја заокружи со средби и со копретседавачот со заедничкиот парламентарен комитет помеѓу ЕУ и МК, Андреас Шидер како и со известувачот за Северна Македонија, Илхан Кјучук.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial