МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис

Во понеделник, 27.01.2020, Општина Кисела Вода организира информативен настан на тема “Отстранување, дислоцирање, уништување и дислоцирање на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД ОХИС во стечај”.

На настанот на кој покрај градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, ќе присуствуваат и заменик Министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, претставници од  Друштвото за собирање и примарна преработка на отпадоци извоз-увоз Екоцентар 97 ДООЕЛ, претставници од  Државниот инспекторат за животна средина, од Град Скопје, стечајниот управник на АД ОХИС. Општина Кисела Вода ги поканува сите заинтересирани здруженија на граѓани и жители на општината кои ќе можат да дебатираат на оваа тема. Настанот, во понеделник ќе започне од 16 часот и ќе се одвива во Големата сала на Општина Кисела Вода.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial