МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Општина Кисела Вода врши целосна дезинфекција во сите месни и урбани заедници

По многуте спорведени работни активности за спречување на вирусот „Ковид – 19“, Општина Кисела Вода и денеска на својата територија започна уште една нова голема акција за дезинфекција на јавните површини.

Во урбаните заедници „Цветан Димов“ и „11 Октомври – згради“, дезинфекција е извршена во: околу 50 влезови на станбени згради, пред влезовите на маркетите, аптеките и банките.

Дезинфицирани се и автобуските постојки, клупите и корпите за отпадоци во парковите, како и затворените за употреба детски и спортски игралишта.

Во периодот што следува, работните активности за спречување на вирусот ќе продолжат да се одвиваат во сите урбани и месни заедници во општината.

Градоначалникот Филип Темелковски повикува и замолува за почитување на мерките и препораките дадени од Владата и Министерството за здравство. Воедно, градоначалникот Темелковски уште еднаш упатува голема благодарност до сите вклучени во борбата против вирусот, а на сите заразени им посакува брзо и успешно заздравување.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial