Нова страница за информации

Општина Кисела Вода врши дезинфекција на улиците, јавните површини, автобуските постојки, фреквентните локации

Општина Кисела Вода врши дезинфекција на сите улици, јавни површини, на урбаната опрема, детските игралишта, пред поголемите маркети каде има поголема фреквенција на движење, на автобуските постојки на оваа територија…

Мобилни тимови организирани од општината вршат прскање за дезинфекција со цел превенција и заштита на здравјето од корона вирусот. Се работи во сите месни и урбани заедници.

Опфатени беа и просториите на општината.

Претходно, во соработка со Центарот за јавно здравје, се спроведе и голема акција за дезинфекција во сите детски градинки, основни и средни училишта, лоцирани на територијата на Општина Кисела Вода. Сакаме да потсетиме и  дека во рамките на работните активности за превенција и заштита на здравјето на граѓаните од корона вирусот,  Општина Кисела Вода заедно со Град Скопје, тимовите на Црвениот Крст и хуманитарната организација Св. Спас, организираа можност за бесплатна сервисна помош за лицата со попреченост или инвалидност, лицата во самоизолација, повозрасните лица, и сите останати жители со одредени хронични болести.

Тие, секојдневно, за своите потреби, за набавка и достава на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена, во временскиот период од 08:30 до 12:30 часот, можат да ги контактираат тимовите кои имаат задача бесплатно да им помагаат. Нагласуваме дека доставата е бесплатна, а за набавката граѓаните треба да издвојат финансиски средства. За повикување на мобилните тимови на цела територија на Општина Кисела Вода, граѓаните, можат да се јават на следните телефонски броеви: Црвен крст Кисела Вода:  070/379-456  и 02/3211-417.

Општина Кисела Вода веќе е во контакт со Советот на стопанственици од овој дел на Скопје и апелира до нив во овие тешки моменти да ја покажат својата општествена одговорност и да излезат во пресрет на граѓаните согласно своите можности. Воедно, апелираме и до сите граѓани да ги почитуваат препораките дадени од Владата и Министерството за здравство за правилна домашна изолација и одговорно однесување.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial