МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Олаф Шолц потенцијален наследник на Ангела Меркел по победата на СПД на парламентарни избори

Изборното славје заврши, победникот и потенцијален нов канцелар Олаф Шолц, експресно ги почна обидите за формирање нова влада. 

Човекот кој по безмалку две децении ги воскресна социјалдемократите, ги повика зелените и либералите да се приклучат во неговата коалиција. На партијата на Меркел, пак, второпласираната ЦДУ и порача дека е време да си замине во опозиција. Ова е прв пат Германија да се соочи со неопходноста од коалиција на три политички опции.

-Гласачите беа многу јасни, кажаа дека сакаат со зајакнуавње на трите партии да формираат влада. Социјалдемократската партија, зелените и ФДП. Ова е мандат кој граѓаните на оваа земја го дадоа на овие три партии кои треба да ја водат следната германска влада. , изјави Олаф Шулц, лидер на СПД

Но, поголем дел од аналитичарите сметаат дека за коалициски договор претстојат макотрпни и долги преговори, кои можат да потрајат и до Божиќ. Со заостанување од еден и пол процент, прелиминарните резултати им даваат речиси подеднакви шанси и на Демохристијаните да формираат влада со зелените и со програмски поблискиот ФДП, ако некоја од нив му откаже соработка на Шолц. Во игра се дури пет сценарија, меѓу кои најизвесни се популарно наречените Семафор и Јамајка, иако во краен случај не се исклучува и можноста двете најголеми партии повторно да коалицираат. Иако таборот на ЦДУ синоќа вчера беше многу потивок од социјалдемократскиот, Армин Лашет порача дека 16-годишната ера на владеење на Демохристијаните не е завршена, и покрај заминувањето на Меркел.

-Тоа беа 16 добри години за Германија, и затоа моето прво благодарам е за канцеларката Ангела Меркел, за нејзината работа. За прв пат, најверојатно ќе има федерална Влада составена од три коалициони партнери и ние како партија добивме чист мандат од нашите гласачи. , изјави Армин Лашет, кандидат за канцелар на ЦДУ/ЦСУ

Дел од аналитичарите сметаат дека по Меркел, ништо повеќе нема да биде исто.

-Многу е долга листата на обврски пред идниот канцелар и тешкотиите со кои тој ќе се соочи, предводејќи многу кршлива и некохезивна коалиција, тоа ќе го направи уште потешко носењето одлуки. , изјави Том Нутал, политички аналитичар

Теоретски, Меркел може да се задржи на позицијата канцелар и по Божик, со што ќе го урне рекордот на Хелмут Кол кој на оваа функција беше 5.870 дена. Ако состави влада, 63-годишниот Шолц, пак, ќе биде четвртиот канцелар од редовите на социјалдемократите по Втората Светска војна.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial