Од морето кај Истра извлечен полски нуркач исчезнат во 2013 година?
Од водите на Јадранот кај Истра, извлечено е мртво тело коешто најверојатно е полски нуркач исчезнат уште во 2013 година, пишува „Глас на Истра“.
Од специјалната полиција информираа дека нуркачите телото го пронашле вчера, кај авто кампот „Света Марина“ и го предале на судска медицина.
Телото првпат било забележано пред неколку месеци, од страна на нуркач, но сѐ до вчера обидите да се дојде до него биле безуспешни.
Нуркачот исчезнат во 2013 нурнал токму во тој регион, но никогаш не излегол на површината. Исчезнувањето го пријавиле неговите другари, по што била започната потрага. Местото кадешто нуркал е стрмен подводен засек со длабочина од 50 метри, со силни подводни струи.