МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Од денеска нов бескаматен кредит од 8 милиони евра од Развојната банка

Од денеска микро, малите и средни претпријатија од сите дејности ќе можат да аплицираат за новата линија бескаматни кредити Ковид 2 во висина од 8 милиони евра. Досега вкупно 631 бескаматни кредити се одобрени од Ковид 1 линијата од Развојната банка, во износ од 4,7 милиони евра. Во овие фирми, работат 5.588 вработени, а од вкупно одобрените средтсва, 2,1 милиони евра се за компании од транспортна дејност, 2,4 милиони евра за угостителство и 200.000 евра за туризмот, соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска, на заедничката прес конференција со дииректорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, видео обраќање имаше и директорот на Светска банка за Северна Македонија и Косово во рамките на регионот на Европа и Централна Азија, Марко Мантованели.

Минималниот износ на кредитот е 3.000 евра, а максималниот е 90.000 евра. Сумата на кредитот се одредува според бројот на вработени заклучно со 31 јануари.

Трите новини на кредитирање се: дозволување флексибилност во намалување на бројот на вработените во фирмите што ќе аплицираат, комбинирање на две антикризни мерки за фирми од областа на угостителството, туризмот и транспортот и промена во критериумите за тоа кој ќе ги враќа средствата од субвенционирање.

„Трите сектори – туризам, угостителство и транспорт, кои претрпеа најголеми штети од пандемијата, ќе можат истовремено да користат субвенции по 14.500 денари по работник и тоа да го комбинираат со другата мерка за субвенционирање до 50 отсто од придонесите за плата по работник. Значи дека вкупната сума што некоја фирма од овие три сектори може да ја користи е 19 500 денари по работник“, рече Ангеловска.

Друга новина е што компаниите што не оствариле добивка во 2020 година нема да ги враќаат средствата, како што првично беше предвидено, а компаниите што ќе остварат добивка во 2020 и кои имаа обврска да вратат до 50 проценти од оствареното, сега ја немаат таа обврска, но доколку истата сума што ја добиле како субвенција од државата, ја вложат во процесот на работата и во вработените.

Овие новини, како што соопшти Ангеловска, се направени во соработка со Светската банка, а мерката ќе биде кофинансирана со заем од оваа светска финансиска институција, од 50 милиони евра. Целта е да се зачуваат работните места и да се одржи ликвидноста на фирмите погодени од кризата со пандемијата.

Микро и малите фирми ќе можат да го намалат бројот на вработени до 15 отсто, средните до 10 отсто и големите до 5 отсто, иако првично беше укажано дека ако се користи владина помош, работодавачот мора да го задржи истиот број на вработени два месеца по користење на мерката. Компаниите треба да исполнат одредени услови, да имаат добивка претходните две години, да не се на листата должници на УЈП, да не доцнат со плаќање на кредитите подолго од 90 дена од денот на достасување на обврската и да инвестираат еднаков или поголем износ на добиената поддршка во тренинзи на вработени, надградба на процеси, продуктивен капитал.

Директорката на УЈП, Лукаревска ги објасни условите под фирмите ќе треба да ја враќаат финансиската поддршка од државата, а под кои нема да имаат таква обврска, за што УЈП веќе го надгради системот за аплицирање и добивање на средствата за исплата на минимални плати  во приватни фирми кои забележале загуби поради кризата со корона вирусот. „Работодавачите што ќе побаруваат средства за исплата на плати за месеците април и мај, веднаш по завршување на овој месец, најдоцна до 7 мај треба да поднесат образец до УЈП преку системот е-даноци. Ова важи за исплата на платите за април, додека апликациите за мај треба да се достават до 7 јуни“, рече Лукаревска.

Според Мантованели, поради здравствената криза постои ризик многу компании кои претходно добро работе, да пропаднат. Затоа владите во светот обезбедуваат поддршка која треба да биде биде брза, транспарентна и временски ограничена. „Во соработка со Владата на Македонија ги дадовме нашите најдобри совети за тоа како да се заштити приватниот сектор и истовремено да се задржи вработеноста. Повеќе од препораките се усвоени од Владата и се вметнати во Уредбата“, рече Мантованели.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial