Нови бројки на починати во Вухан: КИНА ТВРДИ НЕ КРИЕЛЕ, ЛУЃЕТО ПОЧИНАЛЕ ВО НИВНИТЕ ДОМОВИ
Нови податоци доаѓаат од Кина за бројот на починати, објавува Си-Ен-Ен. Градските власти на Вухан, првиот епицентар на жариштето пријави уште 325 починати случаи, со што бројот сега е 50.333 луѓе.
Податоците, како што е нагласено, се ревидирани бидејќи станува збор за луѓе кои починале во нивните домови на почетокот на пандемијата кога немало доволно терапија. -За време на пикот на пандемијата здравствените работници беа преоптоварени со дневните обврски и фокусирани на лекувањето, заради што и доценеле извештаите, за често имало и погрешно запишани податоци, велат кинеските власти
Ве молиме следете не и стиснете лајк: