МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Никако да започне изградбата на автопатот Скопје – Блаце

Долго најавуван, а никако да започне изградбата на автопатот Скопје – Блаце. Првично беше најавен дека ќе стартува во вториот квартал од годинава, за подоцна да биде одложена за четвртиот. Власта неколку пати го одложуваше распишувањето на тендерот за изгрдбата само на првата фаза од 2,5 километри.

Автопатот што денеска се пушта во употреба ќе биде силна мотивација и за нас да ги забрзаме подготовките за старт на работите на автопатот Блаце – Скопје. Овие денови и кај нас се распишува тендерот на автопатот од 14 километри, вреден 120 милиони евра којшто е од границата меѓу Северна Македонија и Косово, до главниот град на нашата земја, Скопје“-рече Зоран Заев- претседател на Влада на РСМ.

Но, спротивно на ветувањето на премиерот Заев дадено во мај, на пуштањето во употреба на автопатот од косовска страна, власта тендерот го распиша во јули, а потоа и го поништи бидејќи имало само еден понудувач со сума над предвидениот буџет. Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов на денешната прес – конференција со ново ветување, изградбата ќе стартува идната година.

„Имаме успешен тендер, имаме тројца понудувачи во рамките на буџетот е. По завршувањето на евалуацијата има тоа е законски дел, 48 часа за да биде аукцијата, после тоа го имаме добитникот, се потпишува договорот и јас сум убеден дека во првите пролетни денови Скопје – Блаце  ќе стартува, а понатаму ќе продолжи да се проектира останатиот дел од Скопје – Блаце“-изјави Зоран Китанов – директор на ЈП Државни патишта.

Вториот тендер треба да обезбеди компанија што ќе го гради автопатот на потегот од граничниот премин „Блаце“ до селото Блаце, при што делницата треба да отпочне да се изведува на почетокот од 2020 година. Автопатот, во вкупна должина од 12,5 километри, ќе чини 110 милиони евра, а треба да биде изграден до 2023 година.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial