Несторовиќ: Не можеме да ја затвориме земјата и да ја уништуваме економијата поради десетина пациенти
Србија, но и цела Европа излегува од пандемијата со коронавирусот и сега ќе се јавуваат само повремени „џепови“ од заразата смета пулмологот Барнимир Несторовиќ. Според него ваквата ситуација ќе потрае најверојатно до почетокот на јули.
Вирусот сега е послаб и од 66 новоинфицирани кај северниот сосед само едно или две лица имаат воспаление на плуќата, додека во екот на епидемијата на 100 инфицирани 20 или 30 имале сериозни последици на плуќата.
-Многу луѓе се тестираат, а мал е бројот на заразени. И тие кои се позитивни на тестовите не се разболуваат серизно, немаат изразена клиничка слика – вели Несторовиќ.
Во овој период ризични остануваат постарите лица и хроничните болни, додека помладите не се наоѓаат во голем ризик.
-Не можеме да ја затвориме земјата и да ја уништиме економијата поради неколку десетина пациенти кои имаат воспаление на плуќата. Правиме тестирања, ги третираме соодветно заболените. Нема смисла да ги ограничуваме луѓето. Сега тоа би било невозможно бидејќи луѓето психолошки поминаа низ епеидемијата – додава Несторовиќ и напомненуда дека ги оценува како скандалозни изјавите од СЗО дека асимптоматичните пациенти не се преносувачи на инфекцијата за другите луѓе.