МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

НеНеизвесен договорот за комисиите – ДУИ и Беса во „борба“ за Комисијата за европски прашања

Во текот на идната недела треба да бидат избрани членовите на работните тела на Собранието, по што по нивното формирање парламентот ќе може да започне да работи. Партиски извори велат дека се уште е закочена работата за челната позиција на Комисијата за европски прашања на кои инсистира ДУИ, но во истовреме тоа очекува да го добијат и од БЕСА. Претседателот на движењето Биљал Касами не сакаше да открие која комисија претендираат тие да ја предводат, само рече дека тоа е процес и дека набргу ќе се знае која партија во кои комисии ќе учествува и кои комисии ќе ги води.

„Не би сакал да кажам дека е тоа проблем но сигурно е дека секоја од партиите сакаат да придонесат во комисии во кои најмногу мисли дека ќе придонесе за граѓаните и во тој дел е процес на преговори но засега не би сакал да кажам дека е тоа некој проблем. Значи нема таков проблем, сигурно е процес на преговарање“, истакна Биљал Касами.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial