Нема одложување, пописот ќе почне на 5 септември, тврди Заев
Премиерот вели дека не се размислува за ново пролонгирање на статистичката операција, која првично беше планирана зааприл годинава
Не се размислува за ново одложување на пописот на населението, домаќинствата и становите, кој треба да почне на 5 септември и да трае до крајот на тој месец, како што вели премиерот Зоран Заев.„Пописот е веќе договорен, по барање на сериозен учесник во нашето општество, а тоа е најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Толеранцијата е доблест на владејачките партии, на чело со СДСМ, кои тоа го прифатија и еднаш го одложивме пописот што сега ќе се спроведе од 5 септември“,
Заев потенцира дека приходите за попишувачите се 25 000 до 45 000 денари за 25 дена анкетирање, апелирајќи граѓаните да се пријават како попишувачи, посебно во реоните каде што има дефицит.
Тој вели дека спроведувањето на пописот е обврска и дека не смее повторно да се размислува за одложување на операцијата.
„Не само што не смееме да размислуваме за одложување на пописот, тук тоа е наша обврска, наша должност. Сите сме заедно во оваа работа .Да спроведеме попис, затоа што тоа е статистичка операција која е насушно потребна за сите наши економски планови и предвизвици кои ги имаме пред нас. И конечно по 20 години да ја спроведеме како статистичка операција“,