На средбата меѓу Вучиќ и кинескиот претседател потенцирано икреното пријателсво меѓу двете земји
Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој е во тридневна посета на Кина, на отворањето на Зимските олимпски игри, денеска се сретна со кинескиот претседател Шји Џјинпинг.
„Ова е седма официјална средба со претседателот на Народна Република Кина, Шји Џјинпинг. За нас е важно да продолжиме да градиме добри односи и нашата соработка да расте во сите области“, објави Вучиќ на
Тој кажа дека е многу задоволен од средбата и посочи дека кинескиот претседател потврдил дека многу сака да ја посети Србија.
Разговарале за стратешки работи, меѓусебната поддршка во зачувувањето на територијалниот интегиртет во меѓународните институции и организации што, според Вучиќ, е многу важно поради Косово.
Освен тоа разговарале и за договорот за меѓусебна трговија, воено-техничката соработа, инфраструктурните проекти.
Тој му се заблагодарил на кинескиот претседател за гостопримството и упатил честитки за организацијата на церемонијата на Зимските олимписки игри.