МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

НА ВУЧИЌ НЕ МУ Е ДОБРО Лекарите советуваат претседателот да забави малку

Здравјето на претседателот не беше во ред, а утревечер доаѓа Урсула фон дер Лајен и задутре сме во Ниш со неа, го одбележуваме почетокот на работите на новиот железнички коридор, потоа одиме во Дубаи и секојдневните проблеми на Косово, така што мораше малку да запре. Одлучивме, односно лекарите предложија малку да застане и да направи пауза, изјавила синоќа Васиљевиќ за Еуроњуз, пренесува РТС.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ откажал неколку обврски и патувања по совет на лекарите, изјавила Сузана Васиљевиќ, советничка за медиуми на српскиот претседател.

-Здравјето на претседателот не беше во ред, а утревечер доаѓа Урсула фон дер Лајен и задутре сме во Ниш со неа, го одбележуваме почетокот на работите на новиот железнички коридор, потоа одиме во Дубаи и секојдневните проблеми на Косово, така што мораше малку да запре. Одлучивме, односно лекарите предложија малку да застане и да направи пауза – изјавила синоќа Васиљевиќ за Еуроњуз, пренесува РТС.

На прашањето дали јавноста треба да биде загрижена таа одговорила:

– Се надевам дека се ќе биде во ред, станува збор за замор.

Таа додала дека состаноците закажани за вторник со амбасадорите на Русија и на Кина се поместени за среда.

Откажан е и најавениот говор на Вучиќ на дводневната конференција „Западен Балкан, еден регион, еден пазар – чекор кон заедничкиот пазар на ЕУ“ во Нови Сад, потсетува РТС.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial