Напредок во преговорите за нова Влада – утре средба Заев-Ахмети за конечен коалициски договор

Постигнат е сериозен напредок помеѓу СДСМ и ДУИ по однос на речиси сите прашања кои водат до договор за Влада. Двата тима преку заедничко соопштение информираа дека продолжуваат интензивните работни средби со цел креирање коалициски договор за идна стабилна Влада. Велат дека интензивно се работело на создавање на брз и темелен коалициски договор уште во првите денови од уставно определениот рок од 20 дена после добивањето на мандатот. За утре е најавена средба меѓу претседателите Заев и Ахмети за конечна одлука.- Реклама –
„Со оглед на итноста и потребата од брзо ставање во целосна функција на клучните институции во државата заради справувањето со здравствените и економските предизвици поврзани со Ковид-19, во текот на утрешниот ден ќе се одржи лидерска средба меѓу претседателите Зоран Заев и Али Ахмети на која се очекува конечен договор за нова, стабилна, посветена Влада со мандат од четири години. Имајќи ги предвид очекувањата за брз конечен договор, во текот на следните денови се надеваме дека ќе продолжи конститутивната седница за избор на претседател на Собранието на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението од СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ не сакаа да коментираат во однос на преговорите помеѓу ДУИ и СДСМ. Од таму велат дека лидерот на социјалдемократите Зоран Заев со онаа реторика што ја имаше пред изборите и ги напаѓаше ДУИ, очигледно трагаше да ги измами повторно да ги лови албанските гласачи.
„Граѓаните да треба сега да учат Зоран Заев како лик и како политичар колку му тежи зборот, мислам дека нема потреба. Веќе им е јасно на сите бидејќи се што кажа во изминатите неколку години буквално се излажа и за се ги измами граѓаните. Така да, многу едноставно беше дека Зоран Заев со онаа реторика што ја тераше пред изборите и ги напаѓаше ДУИ, очигледно трагаше да ги измами повторно и да ги лови албанските гласачи, албанскиот електорат и сега од овој аспект кога гледаме дека на него му е повеќе од потребно да си ја спаси сопствената кожа за сите криминалии што ги има направено но и за сите
коруптивни скандали и се останато гледаме како очајно моли и подготвен на секакво распродавање на интересите на граѓаните само и само за да направи коалиција и да си ја спаси сопствената кожа за криминалот што го направил“, вели Димче Арсовски.
Од таму додаваат дека, ваквото однесување на Заев не е ништо ново, бидејќи како што велат, се што рекол, порекол и се што ветил излажал.