МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Нападот во Глоѓани, го извршил едно лице со калашников

Косовската полиција соопшти детали за тројното убиство што се случи во вчера вечер во Глоѓани, општина Дечани, при што загинаа двајца ученици – матуранти и возачот на автобусот. Од полицијата велат дека автобусот кој се сообраќал од Ѓаковица кон Глоѓани каде имало осум патници, бил нападнат со огнено оружје за кое се сомневаат дека е АК-47. Осомничениот за ова кривично дело се уште е во бегство. Полицијата соопшти дека засега нема причина да се верува дека настанот во Дечани е терористички чин. Првите сомнежи се дека тешкото злосторство го извршило едно лице. Главниот обвинител Блерим Исуфај, рече дека се водат истраги во повеќе правци, но се уште нема осомничени.

Канцеларијата на главниот државен обвинител ги повика сите кои имаат информации за инцидентот да соработуваат со надлежните, за сторителот што поскоро да биде изведен пред лицето на правдата. Градоначалникот на Дечани, Башким Рамосај е шокиран од нападот. Откако ги утеши семејствата, апелираше да се расветли настанот.

„Ова е тежок случај, кого го осудуваме, и ги повикуваме органите на редот целосно да го решат ова што се случи. Во автобус кој превезува ученици да се пука во него, каде две деца загинаа од Глоѓани, машко и женско лице, а нивните семејства ги чекаа да се вратат од училиште, уште повеќе кога сме во пресрет на ноемвриските празници кога треба да славиме, сега да имаме тага во селово“, изјави Башким Рамосај, градоначалник на Дечане.

Косовскиот премиер Албин Курти нападот во Дечани го нарече сурово и брутално злосторство.

„Побарав од органите на редот да дадат се од себе и да го изведат убиецот пред лицето на правдата што е можно поскоро. Толку тажна, шокантна, жална е денешната трагедија во Дечани која некако ме остави без зборови, но не смее да не спречи во брзо постапување. А косовската полиција, министерот за внатрешни работи Џелал Свечла ме уверија дека прават се што е во нивна моќ за што поскоро да се расветли случајот и да се овозможи правдата без одлагање “, рече Албин Курти, премиер на Косово.

Претставниците на САД и на Европската Унија го осудија нападот во Дечани. Вршителот на должност во Амбасадата на САД во Косово, Николас Џејкоб, изрази сочувство до семејствата на жртвите. Во реакцијата на Канцеларијата на Европската Унија во Косово, се вели дека се надеваат дека осомничениот ќе биде изведен пред лицето на правдата што е можно поскоро. Шокираност изразија и лидерите на Албанија и Македонија. 

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial