МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Надмоќна победа на Орбан на изборите во Унгарија

Унгарскиот десно и суверенистички ориентиран премиер Виктор Орбан прогласи победа на неделните парламентарни избори, порачувајќи дека заедно со својата партија Фидес ги одбранил „слободата и суверенитетот на Унгарија“.

Придружуван од водството на партијата, 58-годишниот Орбан изјави дека оствариле изборна победа и покрај стите лоши прогнози, особено во странство.

„Остваривме победа толку голема што се гледа дури од Месечината. Ги одбранивме суверенитетот и слободата на Унгарија“, рече Орбан.

Прелиминарните резултати по пребронените 98 отсто од гласовите на националните партиски листи покажуваат дека Фидес на Орбан е водечка со 53,1 отсто од гласовите наспроти 35 отсто за опозициската коалиција на шесте партии на Петер Марки-Заи. Фидес, исто така, е во предност во 88 од 106-те изборни единици во коишто се избира по еден пратеник.

Врз основа на нецелосните резултати, Националното изборно биро објави дека Фидес ќе има 135 мандати, односно двотретинско мнозинство, а опозицската коалиција 56 места во парламентот. Партијата на крајната десницаи Наша татковина, исто така, влезе во парламентот со освоени седум пратенички мандати.

Ова е четвртата последователна изборна победа на Орбан и Фидес. Избирачите ги поддржаа повтрно неговиот концепт на конзервативна нелиберална дражава и ја отфрлија странската загриженоста за блиската поврзаност, особено во економијата и енергијата, на Будимпешта и Москва. Во Европската унија се надеваат дека руската офанзива во Украина последните седмици би можело да ја наруши кампањата на Орбан и да влијае на изборните резултати во полза на опозицијата, натерувајќи го на непријатно маневрирање за да ги објасни децениски врски со Русија, но очигледно гласачкото тело на Фидес беше убедено дека опозицскиот сојуз на Марки-Заи, кој ветуваше подобрувањето на односните со ЕУ, би можел да ја втурне земјата во украинската криза и последично во голема економска криза.

Признавајќи го поразот, 49-годишниот Марки-Заи изјави дека победата на Фидес е последница на она што тој го нарече негова огромна пропагнадна машинерија, вклучително и доминацијата во медиумите.

„Не сакам да го сокривам своето разочарување, својата тага…. Знаевме дека ова ќе биде нееднаков терен. Признаваме дека Фидес доби огромно мнозинство гласови. Но сѐ уште се спориме дали овие избори беа демократски и слободни“, рече Марки-Заи.

Надмоќната победа на Фидес би можела да го охрабри Орбан позабрзано да ја остварува својата политичка агенда, стравуваат во Брисел и ја критикуваат како наводно кршење на демократските норми и обид за контрила на медиумите.

„Овој резултат кон може да се постигне во земја во којашто едно лице целосно владее со медиумите, каде што нема дебата. Ќе продолжиме да се бориме за нашата татковина, Унгарија еден ден да биде среќна и слободна земја“, се пожали Каталин Цех, претаничка во Европскиот парламент од неолибералното движење Моментувм кој во шестчлената коалиција.

Обран е еден од европските челници со најдолг стаж и се појави на политичката сцена како гласен заговорник на противмиграциските политики во ЕУ и последниот месец противник на острите санкции против Русија. Тој е популарен кај Унгарците кои ги негуваат традиционалните христијански вредности и семејството, и кои очигледно во земјата се во многу поголемо мнозинство отколку критичарите дека настојувал да го зацврсти еднопартиското владеење со реорганизирање на уставот и наводното преземање на контролата врз медиумите и клучните владини позиции со лојални политичари.

Во Унгарија се избираат 199 пратеници, од кои 106 се пополнуваат во изборните единици во коишто се избира само еден пратеник. Дополнителните 93 мандати се дополнуваат со сразмерна застапенот од националните лиси кои се состојат од партиски лици и листи на националните малцинства.

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) испрати на унгарските избори целосна мисија за следење на изборниот процес, што е само вториот таков случак во една држава членка на Европска унија,

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial