Навални е отруен со новичок, потврдија лаборатории од Франција и Шведска
Специјализирани лаборатории од Франција и Шведска потврдија дека рускиот дисидент Алексеј Навални е отруен со новичок, јави Дојче веле.
Претходно, лекарите во Берлин рекоа дека Навални е отруен со новичок, нервен агенс од времето на Советскиот сојуз, но дополнителни испитувања направија и независните лаборатории од Франција и Шведска.
„Русија ќе треба да ги објасни овие настани“,
рече портпаролот на германската влада, Стефен Зиберт.
Тој додаде дека примероци за тестирање се испратени и во Организацијата за превенција од хемиско оружје во Хаг.
Навални (44) е најгласниот критичар на политиките на претседателот Владимир Путин. Тој по труењето првично беше згрижен во болницата во Омск, а подоцна беше префрлен на лекување во Берлин, каде што и беше потврдено дека е отруен.