МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Москва очекува САД да не дозволи да се претвори Балканот во фронт против Русија

Ставањето на балканските држави пред вештачки избор “ или Европска Унија или Русија “ е контрапродуктивно и неправедно. 

Русија очекува дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе има доволно политичка волја и причина Балканот да не го претвори во уште еден фронт на антируската конфронтација, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за босанскиот весник Ослобоѓење.Предупредува дека во случај да дојде до такво сценарио ќе следуваат катастрофални последици за цела Европа..

-Ставањето на балканските држави пред вештачки избор “ или Европска Унија или Русија “ е контрапродуктивно и неправедно. Тоа предизвикува формирање на нови линии на поделба во регионот, ја попречува соработката.-Сергеј Лавров.

Во меѓувреме светот со внимание го следи развојот на ситуацијата на руско-украинската граница, која со недели е на раб на ескалација.. Од Белата куќа, порачаа дека доколку дојде до напад од руска страна, Русија ќе се соочи со сериозни последици.

-Јасно кажавме дека ќе има сериозни последици доколку Русија нападне. Последиците ќе бидат координирани со САД и со партнерите и со истите сериозно ќе се наштети на руската економија. Ваквиот потег ќе резултира со носење на капацитетите на НАТО во близина на Русија.- Бела Куќа.

Рускиот претседател Владимир Путин на годинешната прес- конференција порача дека не сакаат конфилкт со Украина, но и дека западот мора да даде цврсти гаранции дека нема да се шири кон исток.

-Проширувањето на НАТО кон истокот е неприфатливо. Сум го кажал ова неколку пати и вие веројатно знаете дека НАТО уште во 90-тите ни гарантираше дека нема да се помрдне ниту милиметар кон исток и знаете што- тие не измамија… Се случија 5 експанзии на НАТО и сега Романија и Полска се во НАТО со противракетни системи.Не е ваше да барате гаранции од нас, туку вие треба да ни дадете гаранции на нас и морате да ни ги дадете веднаш.-Владимир Путин.

Според информациите од теренот, и Русија и НАТО ги засилуваат трупите во близината на Украина.. Конфликтот помеѓу двете земји започна во 2014 по граѓанската војна во Донбас и анексирањето на Крим од страна на Русија.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial