Мијалков осуден на 8 години затвор за „Трезор“ – осудени и неговите соработници за злоупотреба на буџетот
Сашо Мијалков осуден на затворска казна од 8 години во случајот „Трезор“.Пресуди добија и останатите обвинети: Горан Грујевски – 15 години, а Тони Јакимовски и Небојша Стајковиќ – по 5 години затвор. Судот ги прогласи за виновни за злоупотреба на службената должност во набавката на британската опрема за следење на комуникациите. Судијката во предметот, рече дека обвинетите го ставиле личниот, пред државниот интерес.
Обвинителот на предметот, Трајче Пеливанов, побара мерката притвор да важи до правосилноста на пресудата за случајот „Трезор“.
Одбраната, пак, смета дека нема потреба од таква мерка бидејќи нивниот клиент Сашо Мијалков нема да се даде во бегство.
Заради нанесена штетата на државниот буџет, Судот исто така донесе одлука обвинетите да ја вратат сумата во државната каса во износ од околу 600.000 евра, додека околу 160.000 евра и неколку возила ќе бидат конфискувани од компанијата „Финзи“, која била посредник во набавката на опремата за прислушување. Мијалков досега е осуден на 20 години затвор – 12 во случајот „Таргет-Тврдина„ и сега 8 во „Трезор“.