МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Мицкоски: Комисијата за заразни болести исполнува политички нарачки

Коронавирусот одзема животи, а Комисијата за заразни болести не е на нивото на задачата и главниот проблем е што се исполнуваат политички нарачки, наместо да се носат одлуки за заштита на здравјето, обвинува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Во ситуација кога се вклучува политичкиот калкулатор за броење на новозаразени, а со цел да се глуми нормалност наместо реално да се тестира, секоја погрешна одлука ќе се врати како бумеранг со поголеми проблеми од претходно. И не сме веќе влезени во слепа улица поради клучните амбиции на Заев, кариерата на Спасовски или диктатите врз комисијата, туку државава се движи во еднонасочна улица во сосема спротивната страна од насоката на движењето. Сите држави околу нас излегоа како победници од кризата, а ние се претвораме во балкански Вухан со бројки како на самиот почеток на светската пандемија“,

порача Мицкоски преку видеообраќање на својот профил на Фејсбук.

Тој се осврна и на економијата и обвини дека бележи катастрофални резултати.

„Катастрофалниот низок раст на македонската економија во првиот квартал изнесува нешто повеќе над нулата или цели 0.2%. А, каков е случајот во околината и каков е случајот со останатите балкански земји? Имено, соседна Србија книжи раст од цели 5%, понатаму Турција од 4.5%, Хрватска 0.4%, соседна Бугарија од 1.2%. И сите овие кои што неколкукратно имаат поголем БДП од нас во првиот квартал го демантираат она кое што го велеше Зоран Заев и во парламентот кога ја примопредаваше функцијата премиер, односно претседател на Владата, и сето она кое што понатаму го спомнуваа ресорните министри дека блескаме и дека економијата ни е на прав пат“,

порача Мицкоски.

Мицкоски зборуваше и за извозот кој рече дека e драстично намален во првите четири месеци од годината.

„Падот во месец април изнесува цели 60% на извозот. Ќе повторам македонската економија успеала да извезе стоки во светот за 60% помалку овој април споредено со април во 2019 година, а во првите четири месеци почнувајќи од први јануари завршувајќи со триесетти април македонската економија успеала да извезе за 21.5% помалку стока споредено со истиот период во 2019 година. Ќе повторам во првите четири месеци од 2020 година македонската економија успеала да извезе за 21.5% помалку од тоа што го направила за истиот период во 2019 година. Единствено што ми преостанува е да ја замолам Владата да се надмине себе си, да го надмине оној примитивизам кој што ги опкружува. Нека ги продолжат мерките за помош на реалниот сектор и стопанството и да не завршат тие заклучно со месец мај“,

порача Мицкоски.
Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial