МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Министерот Лога ја поддржува иницијативата на општина Центар за изнаоѓање законско решение за конфискација на изградени објекти со бесправен статус и нивна ре-употреба

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со градоначалникот на општина Центар ,Горан Герасимовски на која беше информиран за иницијативата за изнаоѓање законско решение за конфискација на изградени објекти со бесправен статус и нивна ре-употреба .

Целта на иницијативата е да се најде решение и да се овозможи конфискација на бесправно изградените објекти и нивна пренамена во функција на општината, односно државата.За реализација на оваа иницијатива неопходно е да се интервенира во две законски решенија:Законот за постапување со бесправно изградени објекти и Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривичната и прекршочната постапка.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial