Нова страница за информации

Мета не е оптимист: Во оваа длабока криза нема отворање на преговори со ЕУ

Мета рече дека интеграцијата не се реализира со лажни лобирања.

Албанскиот претседател Илир Мета, на попладневната прес конференција, преполна со иронија за премиерот Еди Рама,  беше категоричен дека во длабока криза во каква се наоѓа земјата и без сеопфатни и според стандардните спроведени избори на 13 октомври, нема да има отворање на преговорите за членсто во ЕУ.

Мета рече дека интеграцијата не се реализира со лажни лобирања.

– Мојот мандат како поранешен студент од декемвриските демонстрации и како политичар, е одговорен и вистински како и секој друг што сум го добил. Јас не сум овде за да измамам никого. Повторувам, без сеопфатни локални избори на 13 октомври, не очекувајте чуда да паднат од небото на 18 октомври. Подготвен сум да дадам максимална одговорност не само како претседател, туку и како поранешен активен политичар. Затоа апелирав за реален, искрен и плоден политички дијалог меѓу двете страни за ова важно прашање. Локаланите избори на 13-ти октомври се на сила и на 12-ти октомври сите вас истото ќе ви го повторам. Второ, јас сум подготвен на 13-ти октомври народот да гласа и за претседател и партиите да предложат свои кандидати – изјави Мета.Прочитајте и…  Борис Џонсон со девојката се всели во премиерската резиденција

Шефот на државата рече дека препораката за почеток на преговорите пред две години се должи на неговото инсистирање кога тој бил спикер на албанскиот парламент.

На прашањето за меѓународните односи, Мета одговори со таргетирање на премиерот Рама.

– Знаете кој во земјата ги злоупотребува имињата на меѓународните претставници, требало тоа или не. Зграпчување и узурпирање на институции или оправдување на будалести афери користејќи и злоупотребувајќи ги меѓународните претставници тука – рече Мета алудрајќи на Рама.

Мета му одговори на Рама во врска со барањето на Мета да се преземат мерки околу најавата за апокалиптичен земјотрес да „напише уредба за земјотерс, па да ја отповика” и оти може да му даде совети за „тешката ситуација на Мета”.Прочитајте и…  Со помош од УСАИД ќе се реновира основно училиште во охридското село Лескоец

– Подготвен сум за највисокиот врв на Албанија. Врвот на Кораб. Доколку сака да ми се прдружи – порача Мета индиректно одговарајќи му дека е во добра здравствена состојба.

Тој уште со одговор на новинарско прашање дека не се плаши од никого вклучувајќи ја и Венецијанската комисја од која мислење под итно за негово разрешување побара албанскиот парламент.

Please follow and like us:
fb-share-icon

About Post Author

Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial