МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Мексико станува најголемиот пазар на марихуана во светот

Долниот дом на мексиканскиот Конгрес усвои закон со кој канабисот се легализира за рекреативна, медицинска и научна употреба. Мексико со тоа би станало најголемиот пазар на марихуана во светот.

Предлог законот, кој го поддржа администрацијата на претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор, означува голема промена во земјата која со години беше загрозена од насилството меѓу ривалските нарко-картели.

Пратениците вчера го усвоија законот со 316 гласа за и 127 против. Сега, останува Сенатот да го разгледа и одобри законот.

Со законот би се дозволило одгледување, обработка, продажба, истражување и извоз или увоз на марихуана. Само луѓето постари од 18 години и со дозвола би можеле да одгледуваат, да ја носат со себе или да ја консумираат марихуаната, како и нејзините деривати.

Ако законот биде одобрен, тоа би можело да доведе до создавање на еден од најголемите светски пазари за таа билка, наведува Ројтерс.

Кон крајот на 2013 година Уругвај стана првата земја во светот која го легализираше производството и продажбата на марихуаната во модерната ера. Други земји во регионот како Аргентина, Чиле, Колумбија и Перу дозволија употреба на канабисот во медицински цели.

Канада во 2018 исто така ја легализираше марихуаната, како и неколку сојузни држави во САД.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial