Нова страница за информации

МВР распиша потерница по поранешниот судија Панчевски

МВР распиша национална потерница по поранешниот претседател на Кривичен суд Владимир Панчевски.

– За наведенoто лице е распишана потерница. Моментно се вршат и оперативни проверки за да се утврди дали лицето официјално ја напуштило државата, изјавија од МВР.

Судот во Велес во петокот му одреди 30 дневен притвор на Владимир Панчевски, заради не присуство во рочиште за предметот АКМИС. На ова рочиште, исто така, не бил присутен ниту неговиот бранител.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial