МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Мамиќ открива: Газдата на Тотнем не дава ни дрес бесплатно!

Поранешниот претседател на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ вели дека Даниел Леви според него е најдобриот преговарач. Англија

Категорија: Англија 25.09.2019 13:40 Прочитано: 1300 пати

Мамиќ раскажува интересна приказна за претседателот на Тотнем, Даниел Леви. Настанот се случил при договарањето на трансферот на Лука Модриќ од Динамо Загреб во Тотнем.

„Леви според мене е најспособниот преговарач во светот. Имав доволно време да го искусам тоа и го почитувам. Ќе ви кажам една интересна приказна, но во исто време и приказна која покажува како тој ги штити интересите на клубот. Откако го договоривме трансферот на Лука Модриќ во Тотнем, јас културно го замолив да ми даде пет дреса од Лука“, вели Мамиќ и продолжува:

„Леви ми даде пет дреса, но од фактурата за трансферот која изнесуваше 23 милиони евра, беше минусирана вредноста на дресовите. Тоа беше неверојатно за мене. Но покажува како тој ја цени секоја пара што клубот ја троши“.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial