Мали зголемувања на плати и пензии без ефект врз стандардот
Пензионерите велат дека сакаат повисоки пензии по најавите за зголeмување на платите. Имено имаше ветување за поголема минимална плата за 500 денари. Дел од економистите велат дека евентуалната рецесија во Германија и домашната политичка ситуација може да го отежнат социјаланиот дијалог.
Минималната и просечната заработувачка како и пензиите се ниски, кометираат граѓаните и пензионерите.
Петрушевска Виолетка е пензионерка од Скопје која рабoтела како градежен инжинер на изведба на објекти, а последните години и во државниот завод за градежништво и урбанизам. По заминувањето во пензија таа вели дека се сретнува со низа проблеми и дополнува дека е потребно подобрување на материјалната положба на пензионерите и на нивниот стаус. Владата постојано нагласува дека врши усогласување на пензиите со порастот на животните трошоци, но Петрушевска вели дека не го чувствува тоа.
„Дали 100 денари дали 50, еден месец се повеќе па другиот месец ги нема. Незнам што се случува. Неможе да и им фатите крај што и како прават со парите, треба да сте виртуоз“ вели Петрушевска и дополнува.
„Со 36 години работен стаж и високо образование како инжинер по објекти на крај заврушвам со минимум пензија која ми стигнува за основни намирници за прехрана, а каде е остатокот за посета на културни содржини и знаменитости. Ветувањата се никакви, денес е едно, a утре друго. Јас сакам и младите да останата тука, но не очекувам ништо. Ако си зeмал плата од 30 илјади денари, сега ти остануваа пензија 15 илјади. Сопругот и тој заминува во пензија, со високо образование е, на времето работевме доста добро, но како што одат годините се полошо и полошо е. Не знам каде е излезот“ вели Петрушевска.
Од владата пак постојано велат дека во изминатиот период обезбедиле стабилна исплата и континуиран раст на пензиите. Според пресметките на надлежните во 2016 година просечната пензија изнесувала 13.754 денари, а во јули 2019 година изнесува 14.530 денари.Во меѓувреме, влада најави и дека минималната пензија ќе се зголеми за 36 денари, а просечната за 63. До ова зголемување доаѓа поради тоа што платите годинава се зголемиле за 4 проценти.
Но, најпогодени се луѓето со ниски пензии, кои велат дека и најмало поскапувања на храната или на сметките за комуналии би им ја загрозило егзистенцијата. Други, пак, коментираат дека се задоволни и посочуваат дека исплатата на поголеми парични износи и зголемувањето на пензиите зависат од економските движња и можности во буџетот на државата.
Се е поскапено
„Се е покачено кога “аналгин” достигнал цена од 48 денари, што сите го пиеме дневно, за друго што да зборувам. Не сум вработена. На една пензија сме на сопругот. Со една пензија од 9 илјади, инвалидска пензија, дали се живее? Што да платиме поправо, за лекарства за него, за храна, за струја, за дрва? Тие кажуваатминималната плата е 12 илјади, така треба да биде и со пензиите„ вели Ленче Андонова.
„А излезеш надвор, ќе потрошиш една илјадарка, една торба за да ја наполниш со основни производи, да не зборуваме за лекар за и за комуналии, а за патувања, нема шанса. Среќа што имаме пензионерски карти барем до Водно да се прошетаме. Моето конто е 180 еврa, досега за една пара не се зголеми, ни изјави Благоја Велевски пензоинер кој работел во фабриката за автобуси Фас “11 Октмври”.
„За кого како, тие што не сакаат да работат им се мали пензиите, сакаат големи пензии а не сакаат да работат. Сакаме ситe пензии, а не сакаме исто да работиме. Едни помалку плаќаме, а други повеќе. Нема што да се бунат. Се научивме сите само бараме. Еве и во земјоделството. Па немало род, па не се продавало грозјето, па од каде ќе им најде државата. И сите викаат по премиерот, а не по министрите“, вели еден пензинер.
„Ако се покачуваат на сите платите треба нешо и пензиите да се качат. Тоа е кога се зголемува во администрацијата, во образованието, слушам по нешто се зголемува, треба и пензиите да се зголемат“
„Ако има пари ќе дадат, сигурно знаат каква е ситуацијата во земјата, ако се трошоците зголемени треба да се зголемат“ велат дел од пензионерите.
Во државата од вкупно 320 илјади пензионери, 170 илјади имаат пензија која е под просечната, а околу 80 илјади примаат пензија под 9 илјади денари.
Премиерот Заев неодамна најави зголемување на пензиите како резултат на раст на платите.
Со оглед дека пензискиот фонд, има огромна дупка, се наметнува и прашањето како да се обезбедат пензии и за идните генерации. Поради ова Светска банка бараше растот на пензиите целосно да замрзне, а во пензија да се оди дури на 67 години, наместо на 62 и 64 како сега.
Во меѓувреме опозицијата, ја критикува владата дека пензиите се налуваат наместо да растат, додека власта во нејзиниот контра одговор посочуваа дека ВМРО ДПМНЕ пензиите ги зголемувала паушално, само еднаш годишно, или по потреба, пред избори.
И додека дел од пензинерите размислуваат за покачување на пензиите, во меѓувреме ветувањата на Владата за зголемување на минималната плата за 500 денари, најавено за јули, се уште го очекуваат 743.751 вработени кои примаат плата од 12 илјади и петстотини денари.
Се е малку!
Минималната плата беше тема на разговори меѓу владата и работодавачите, но од бизнис сектрот се жалат дека зголемувањето на минималната плата ќе биде преголем удар врз нив и велат дека владата треба да ги субвенцинира и придонесите на работодавачите.
Луќе кои со години работат во некои од фабриките велат дека зголемувањето од 500 денари нема да го подобрат нивниот стандард, но, ќе им овозможу да подмират некој долг за сметки или да купат храна за да го издржат месецот. Тие го истакнуваат и фактот дека работната сила постојано си заминува од државата во потрага по подобра егзистенција.
Џеват Шефкет 40 години работи во фабрика за цевки во Куманови. Тој стравува поради огромниот несклад меѓу неговите сретства за живот и раелноста која го притиска.
“Toа со зголмувањето не се реалзираше, ништо, остана на тие 12 илјади минимална плата. Работам од 80 те години, 12 илјади ми е платата. Како да се помине месецот, тешка работа е. 500 денари се малку на пазар да купиш патлиџани и пиперки. Сепак ќе помогнат, тоа е минимално колку да не си без ич. Јас работам тука 40 години. Од март досега околу 100 вработени си заминаа во странство. Тоа се помлади работници кои работеа една или две години и со заминаа. Максимум 14 илјади земаат плата како мајстори на машина. Моментално јас сум магацинер и земам плата како хигиеничарката, а 40 години имам работен стаж,“вели Шефкет.
На почетокот на мај оваа година премиерот Заев најави дека платите се зголемуваат и оти очекува во иднина оваа спирала на пораст на платите уште повеќе да се интензивира. Тој тогаш рече дека верува дека во мај, јуни ќе ги искористат тоа за од 1 јули да се зголемиме минималната плата на 13.000 денари
Меѓу барањата пак кои ги доставија истиот месец синдиактите беа и барањето за минимална плата од најмалку 13.800 денари, стабилен пензиски систем, и да не се зголемува границата за пензионирање…
Но, по преценките на дел од економистите износот на минималната плата тешко е да се очекува да биде надминат оваа година.
Осврнувајќи се на претходните најави за зголемување на минималната плата, професор Борче Треновски од Економскиот факултет во Скопје вели дека сега има и нови фактри кои ја отежнуваат дискусијата з а зголемување на минимална плата
„Тековниот конктекст е важен. Треба да ја имаме предвид ситуацијата. Ако го погледнеме последниот квартал гледаме дека во индустриското производство и во преработувачката индустрија имаше определени послаби трендови и тенденции. Од друга страна, кога има специфична политичка ситуација, знаеме дека имаме политички превирање, се најавуваат повторно можни нови избори и во такви услови прилично се отежнува дијалагот мегу работодавачите и работниците. Ако ја пресметаме минималната плата по формула од муѓународната организација на труд, таа е околу 12 и 500 до 12 и 700 — таа треба да е точно како сега“ вели професорот Треновски.
Според него зголемувањето на минималната плата има позитивни ефекти, но ако отиде превисоко може да има и негативни последици и затоа е потребна внимателност за процесот да биде успешен. Важно е процесот да биде инклузивен, односно да ги вклучи и работодавачите и работниците и заеднички да се утврди колкаво покачување е можно. Тој вели дека треба да се имаат предвид и другите социјални мерки кои може да бидат комплементарни со минималната плата.
„Тоа е социјален дијалог и договор меѓу две страни, но сепак ако се помине тоа ниво драстично може да има негативни ефекти врз економијата.Тука треба да извага државата меѓу социјалниот ефект кој го има на оние работници кои земаат најниска плата пред се во текстилот и кожарската индустрија и на друга страна функционирањето на претпријатијата кои се чувствуваат особено сезнитивни во време кога се зборува з а Брегзит, за намалување на економски раст на Германија и кога се збори за политички превирања, мора да се слушне зборот и на претпријатијата за да биде поефикасна мерката“ вели професорот Треновски.
Инаку развиените земји имаат многу повисоки минимални плати, но таму е многу пониско учеството на минималната плата во просечната плата за разлика од земјите во развој.Треновски вели дека кај нас мора да се донесуваат и други мерки, да се стимулираат претпријатијата да анулираат отпуштања и да се обезбеди мониторинг на исплатата на минимална плата.
Тој нагласува дека во државата има голем недостаток на работна сила во сите сектори.
„Тоа е главен притисок што треба да ја води платата нагоре. Могу повеќе од зголемување на минималната плата. Во мала и отворена економија како што е нашата, главни начини на кој може да порасне платата е поврзаноста со странска побарувачка и поврзаноста со странски инвеститори“ вели Треновски
Инаку најновите статистички податоци покажуваат дека просечната
исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2019, изнесувала 25 205 денари
и е за 4,1 отсо поголема од јуни минатата година.Ваквото зголемување,
според Државниот завод за статистика, се должи, пред сѐ, на порастот на
платите во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (11.7
%), Транспорт и складирање (10.3 %
Но од друга страна, неодамна државава се најде на последна на листата со
просечна плата од 413, 67 евра споредено со земјите од регионот, каде
на прво место е Словенија.
Македонските просечни примања се за 120 евра помалку од она што Синдикатот го пресмета како основа за задоволување на основните животни потреби.